во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14 СЕПТЕМВРИ: Лош почеток на неделата за повеќето – Близнакот ги провоцира колегите, Девиците љубоморат

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Се чувствувате стегнато во моменталните деловни околности и размислувате за начините на кои би можеле да ја подобрите финансиската ситуација. Комуникацијата со некого нема да ги донесе посакуваните резултати. Помеѓу вас и партнерот денес постои неразбирање.

♉

Бик

Иако ќе имате многу комуникација и деловни разговори, нема да бидете задоволни од она што ќе го постигнете. Сметате дека вие и соговорникот не сте се разбрале на вистински начин. Фантазирате за средба со поранешниот емотивен партнер. Спуштете се на земја и не се враќајте во минатото.

♊

Близнаци

Со своите постапки можете да ги испровоцирате колегите или соработниците. Немојте да создавате непријатни ситуации, потребна ви е поддршката од другите за вашите планови. Ниту вие ниту емотивниот партнер денес не се однесувате коректно едно кон друго. Лоша комуникација.

♋

Рак

Денес како да ќе кулминира вашето лошо расположение, дополнително подгреано од ситуациите во деловниот сегмент. Ви пречи односот на некои колеги кон вас, но се повлекувате во тишина. Превез на неискреност се вие низ вашите емотивни односи во текот на овој ден.

♌

Лав

Во дилема сте околу една одлука која треба да ја донесете. Ако таа на кој било начин е поврзана со финансискиот сегмент, не брзајте. Почекајте некои ситуации малку да се разбистрат. Ако излезете со пријателите, можно е ново познанство во вечерните часови.

♍

Девица

Колешка може да ви помогне да разрешите непријатна ситуација со деловен партнер или соработник. Не бидете непријатни кон емотивниот партнер поради тоа што сте љубоморни на личност од неговото опкружување. Претерувате во некои ситуации.

♎

Вага

Треба да обавите разговор кој баш и не ви е пријатен, па сигурно е дека ќе се поставите со одбивен став кон оваа личност. Не донесувајте заклучоци однапред, почекајте да го видите развојот на ситуацијата. Чувствувате голема привлечност кон една личност.

♏

Шкорпија

Доста работи си натоваривте на врат и денес можете да чувствувате дека сè ви е преку глава. Нервозата ќе ја пренесете во вашите емотивни односи. Одделни Шкорпии денес имаат отворени можности за средба од сексуална природа со некој кој одамна ги привлекува.

♐

Стрелец

Водете сметка за тоа колку ќе бидете отворени кон соработниците. Некои информации кои ги имате задржете ги за себе и почекајте го вистинскиот момент за нив. Денес може да се направи поместување во односот со емотивниот партнер. Сепак, сметајте дека ќе ви треба многу трпение за тоа.

♑

Јарец

Баш ќе се разочарате ако сфатите дека сте кажале нешто непромислено. Вашите зборови или постапки можат да навредат една личност или да донесат проблем во комуникацијата со соработниците. Саканата личност или некој кој ви е симпатичен лесно може да ви се налути, бидејќи го заборавате ветеното.

♒

Водолија

Немате доволно самодоверба во деловниот сегмент. Лесно ќе ве вадат од колосек постапките или зборовите на личностите со кои соработувате. Не дозволувајте да бидете поколебани. Емотивниот партнер реагира на чуден начин, што во вас предизвикува сомнеж и подготвеност за расправа.

♓

Риби

Постои можност за напната ситуација со надредената личност. Размислете за своите постапки, можно е нејзината критика сепак да е на место. Комуникацијата помеѓу вас и емотивниот партнер денес се сведува само на критики и ситни поткачувања. Обидете се некои работи да ги премолчите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СОНЧЕВО СО МАЛА ОБЛАЧНОСТ: Дневните температури до 30 степени, свежо претпладне

Белгиски вафли што успеваат секојпат: Крцкави однадвор, воздушести одвнатре и готови за 20 минути