во

ХОРОР ВО ГРЧКИ КАМП: Див чакал влезе во шатор и го нападна дете од Србија!

Вистински хорор се случил во познатото грчко летувалиште Неос Мармарас, каде див чакал влегол во камп и го нападнал малото дете на туристи од Србија директно во нивниот шатор.

Напад во сред ноќ и паника меѓу туристите

Инцидентот се случил околу еден час по полноќ во „Camping Marmaras“. Според информациите од грчките и српските медиуми, дивото животно влегло во шаторот каде што престојувало семејството и го нападнало детето, нанесувајќи му повреди во пределот на лицето.

Супер Попуст -25%

Детето веднаш било пренесено во болница, каде што раната била обработена и зашиена, по што е префрлено на дополнително лекување во државна болница во Солун. За среќа, според последните информации, неговата здравствена состојба е стабилна и добра. Иако постои несогласување во медиумите околу возраста (дел наведуваат дека има пет години, додека „Grčka info“ пренесува дека детето нема наполнето ни две години), шокот за семејството е огромен.

„Ловечката федерација, повикувајќи се на болнички извори, потврди дека станува збор за напад од чакал, а за опасниот инцидент веднаш е известена и Шумската управа во Полигирос која интензивно трага по животното.“

Втор напад за само неколку дена

Овој загрижувачки инцидент доаѓа само два дена откако во поширокиот регион на Неос Мармарас, на плажа, диво животно нападна 55-годишен маж и го повреди во пределот на вратот.

Бидејќи чакалите вообичаено се плашат од луѓе и ги избегнуваат, експертите ова агресивно однесување го оценуваат како крајно невообичаено и загрижувачко. Надлежните служби остануваат на терен и трагаат по животното за да се спречат нови напади.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОСТРЕС НА ИСТОКОТ: Александар Вучиќ најави оставка на 27 септември и влегување во изборна трка за премиер!

ИСТОРИСКИ ДЕН ВО ХАГ: Утре пресуда за Хашим Тачи и поранешните лидерски фигури на ОВК