
Половични мерки и раст на трошоците
Во време кога цените на храната и основните производи незапирливо растат, а горивата ја надминаа границата од 100 денари за литар, од опозициската партија оценуваат дека актуелните мерки на извршната власт се задоцнети, половични и без никаков вистински ефект врз семејните буџети. Според СДСМ, власта има средства за луксуз, но за граѓаните остава само „трошки“.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Како одговор на кризата, партијата излезе со конкретни барања за спасување на куповната моќ на граѓаните:
- Целосно укинување на акцизата за горивата со цел директно намалување на транспортните трошоци и цените на храната.
- Намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти за основните производи.
„Со мерките што ги предлагаме, граѓанин со просечна плата ќе може да купи дури 205 литри бензин повеќе отколку со решенијата што ги нуди актуелната Влада, што претставува директна и видлива помош за секое домаќинство.“
Барање за итно прифаќање на предлозите
Од СДСМ нагласуваат дека значителното поевтинување на горивата автоматски ќе донесе стабилизација на пазарот и ќе креира услови за пад на цените на храната. Од таму апелираат народните пари во време на криза задолжително да се слеваат кај граѓаните, а не во сомнителни тендери и партиски проекти.


