во

ДРАМА ВО КУМАНОВО: Кратовец со нож нападнал и тешко го повреден полицаец, побаран притвор!

Сериозен инцидент се случил во Куманово, каде 40-годишен маж од Кратово со нож нападнал и тешко го повредил полициски службеник кој интервенирал за спречување на кривично дело. Основното јавно обвинителство веднаш донесе наредба за истрага и предложи мерка притвор.

Напад со нож зад заклучена врата

Според официјалните информации од Основното јавно обвинителство Куманово, настанот се одиграл на 11 септември. Кога полициските службеници со употреба на сила ја отвориле заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ненадејно ги нападнал.

Супер Попуст -25%

Во обидот да извршат службени дејствија за јавната безбедност, осомничениот со нож му нанел тешки телесни повреди на еден од полицајците, кои резултирале со прободна рана и длабока посекотина.

„Ценејќи ја реалната опасност од бегство, како и можноста за повторување на делото, надлежниот јавен обвинител достави итен предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор за осомничениот.“

Кривична одговорност според КЗ

Против 40-годишникот е отворена истражна постапка за основано сомнение за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од Кривичниот законик, со што случајот продолжува во надлежност на истражните и судските органи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТЕШКА ДРАМА ВО СТРУМИЧКО: Товарно возило со крадени дрва удри и тешко го повреди полицаецот од Фронтекс!

Имате 13 години стаж? Платете за преостанатите 24 месеци и заминете во пензија!