во

Враќање на данокот: Мајките со трето дете ќе добиваат поврат цели 18 години!

Вработените мајки кои ќе родат трето дете би можеле да добиваат 100 проценти поврат на данокот на личен доход сè до полнолетството на детето. Ова го предвидува новиот предлог-закон кој нуди скалеста финансиска поддршка со цел стимулирање на наталитетот.

Според предлог-законот поднесен од независниот пратеник Миле Цеков, времетраењето на оваа мерка директно ќе зависи од бројот на децата. За првородено дете, правото на поврат би траело 12 месеци по завршувањето на породилното отсуство. За второ дете, овој период се зголемува на 24 месеци. Најголемата поволност е предвидена за третото и секое следно дете, каде мајката би добивала поврат на данокот во текот на цели 18 години.

Повратот ќе зависи од висината на платата

Супер Попуст -25%

Клучната разлика помеѓу овој предлог и некогашниот додаток за трето дете е тоа што државата не предвидува фиксен месечен надоместок за сите. Мајката едноставно би го добивала назад оној данок што веќе го платила преку својата плата. Ова значи дека мајките со повисоки примања ќе добијат поголем апсолутен износ, бидејќи и нивниот платен данок е повисок. На пример, ако месечниот данок изнесува 2.500 денари, годишниот поврат на трансакциската сметка би бил околу 30.000 денари.

„Целта на мерката е да се обезбеди дополнителна финансиска поддршка за вработените мајки, без воведување нов директен надоместок од Буџетот.“

Автоматска исплата преку УЈП

За да се избегнат бирократските лавиринти, предвидено е мајките да не поднесуваат никакви посебни барања. Целиот процес би се одвивал по службена должност преку Управата за јавни приходи (УЈП), која автоматски ќе ги вкрстува податоците за остварениот доход и родените деца. Парите би легнувале на трансакциските сметки најдоцна до 30 јуни во тековната година, за данокот кој бил платен во текот на претходната година.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Генијалец од Македонија: 12-годишниот Македон примен на „Џонс Хопкинс“!

Нов удар за Стевчо Јакимовски: МВР поднесе кривична пријава за несовесно работење!