
Остри обвинувања за криење на документите
Од партијата го обвинуваат премиерот Христијан Мицкоски дека ја излажал јавноста тврдејќи оти прославата чинела „нула денари“. Откако било обелоденето дека биле потрошени 5,5 милиони евра, според СДСМ, настапил молк и започнало криење на договорите, фактурите и исплатите. „Така функционира организирана криминална група – крие за да не се откријат провизиите, матните зделки и злоупотребите“, порачуваат од опозицијата.
„Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар. Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација, да го следи текот на парите и да утврди како биле носени одлуките.“
Отворени прашања за Лотарија и настапот на Дејвид Гета
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
СДСМ поставува низа прашања до институциите: каде е одлуката на Собранието на акционери на Лотарија, кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари и како е можно јавниот повик да трае само пет работни дена со само една пристигната понуда.
Дополнително, се бара да се утврди точната цена на настапот на светски познатиот диџеј Дејвид Гета, како и заработката на инволвираните компании „Стардаст“ и „Авалон“. Од партијата прашуваат како биле вршени исплатите додека компанијата имала блокирана сметка, дали воопшто е платен данок и каде завршиле околу 1,75 милиони денари од продадените билети. Доколку сè било законски, заклучуваат од СДСМ, документите немало да се кријат од очите на јавноста.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден








