во

Костадиновски со остар удар: Во Уставниот суд повеќе нема недопирливи предмети и политички комфор

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати силна порака дека повеќе не постојат „чувствителни“ или недопирливи предмети. Тој јасно им порача на политичарите дека нивниот повеќедецениски институционален комфор е завршен.

На регионалната конференција посветена на довербата во уставните судови, Костадиновски истакна дека токму довербата е најважниот капитал на оваа институција. Осврнувајќи се на досегашната практика, тој потенцираше дека неодлучувањето никогаш не е неутрално, бидејќи на тој начин Судот дозволува да се толерира состојба на потенцијална неуставност. Како примери за ваквото минато ги посочи предметите за СЈО, имињата на улиците во Тетово и Преспанскиот договор.

Случајот „Балансер“ како историска пресвртница

Супер Попуст -25%

Според претседателот на Судот, предметот за таканаречениот „Балансер“ е еден од првите каде институцијата покажала поинаков и многу похрабар пристап. Со оваа одлука била испратена јасна порака до носителите на власта дека комодитетот што го уживале со децении повеќе не постои. Тој додаде дека нервозата кај државните органи и политичарите е најдобар показател дека Судот ја извршува својата функција независно и без никакви компромиси.

„Уставниот суд покажа дека повеќе нема недопирливи предмети. Покажа храброст и одлучност и не се двоумеше да донесе одлука со која испрати јасна порака до сите носители на државната власт.“

Транспарентност и рекорден број на предмети

Вториот столб за враќање на довербата е целосната отвореност кон јавноста. Од март годинава, седниците на Уставниот суд се емитуваат во живо, а судиите сè почесто ги објаснуваат своите одлуки со цел тие да станат поразбирливи за граѓаните. Овој нов пристап резултираше со зголемен интерес, па така заклучно со минатиот месец се оформени рекордни 239 предмети. Напредокот на Судот во заштитата на уставноста е нотиран и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Левица со жесток напад: Каде се бодовите за прием во студентските домови

Милионски проект: Затворите во државата ќе добијат современи услови и подобра здравствена заштита