
Славниот актер и дизајнерката на накит деновиве беа во центарот на вниманието на јавноста. Тие беа фотографирани како се држат за раце на њујоршкиот аеродром, непосредно откако разменуваа нежности на трибините за време на финалето на УС Опен. Но, зад оваа идилична слика се крие сериозна семејна драма која со години ја тресе поранешната двојка „Бранџелина“.
Масовно откажување од презимето Пит
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден

Пред само неколку дена беше потврдено дека најстариот син, Мадокс, и официјално го променил презимето од Џоли-Пит во Џоли, одлука која судот ја одобрил на 14 септември. Тој не е единствениот. Шајло уште во 2024 година го промени своето име, Захара поднесе барање во јуни, а петиција за отстранување на презимето поднесе и Вивиен. Во моментов, само Пакс и најмладиот син Нокс сè уште формално го носат презимето на нивниот татко.
„Извори блиски до Пит обвинуваат за долготрајна кампања на отуѓување, додека таборот на Џоли тврди дека ако јавноста ја знае целата вистина, би имала повеќе разбирање за децата.“

Ново семејство на повидок?
Пит и Инес де Рамон се во врска од 2022 година и сè почесто се појавуваат заедно на јавни настани. Во светските таблоиди веќе кружат сериозни шпекулации дека парот наводно се обидува да добие дете. Иако овие тврдења сè уште не се официјално потврдени, очигледно е дека актерот се обидува да сврти нов лист во животот, додека врските со неговото минато и децата од бракот со Анџелина Џоли неповратно се кинат.


-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден








