
Зголемени стипендии за 50 проценти
Стипендиите се поделени во три главни категории: култура, наука, техника и посебни вештини, како и спорт. Дополнително, предвидена е финансиска поддршка и за осум талентирани ученици кои доаѓаат од семејства со висок социјален ризик. Висината на стипендиите за култура, наука и техника изнесува 4.000 и 4.500 денари месечно, додека спортските стипендии се движат од 3.500 до 5.000 денари. Финансиската поддршка ќе се исплаќа во текот на осум месеци од оваа учебна година.
„Го исполнивме предизборното ветување за зголемување на ученичките стипендии за 50 проценти. Со оваа мерка обезбедуваме поголема поддршка за знаењето, креативноста, талентот и спортскиот дух на нашите ученици. Тие се нашата иднина и заслужуваат услови во кои ќе можат да се развиваат и да ги остваруваат своите амбиции“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Услови и рок за аплицирање
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Според правилата на огласот, секој ученик има право да аплицира само во една категорија. За успешно пријавување е потребно да се достави потврда за редовен ученик, кратка биографија, контакт од родител или старател, како и фотокопии од свидетелства, дипломи и признанија кои го докажуваат талентот, вклучително и потврди од надлежните федерации.
Крајниот рок за поднесување на документите е 23 септември 2026 година. Апликациите се доставуваат во Архивата на Општина Центар или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, со соодветна назнака. Сите дополнителни услови може да се најдат на официјалната веб-страница на општината.
-
Петок
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








