
Големи разлики меѓу европските земји
Податоците на Евростат покажуваат големи варијации ширум Европа. Најдоцна од домот на родителите се иселуваат младите во Хрватска, со просечни 31,5 години. Слична е состојбата и во Грција и Словачка (30,9 години), како и во Шпанија и Италија (30,2 години). Слична тенденција се забележува и во регионот, каде што младите во Србија остануваат дома до 30,1 година, а во Босна и Херцеговина до 29,5 години.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
На спротивниот крај од скалата се скандинавските и балтичките земји. Во Финска младите најрано се осамостојуваат – на само 21,4 години, по што следуваат Данска со 21,8 години, како и Естонија и Литванија со по 22,7 години.
Врската меѓу осамостојувањето и пазарот на трудот
Евростат потенцира дека возраста на осамостојување е директно поврзана со положбата на младите на пазарот на трудот ширум Европа. Во земјите каде што младите порано го напуштаат родителскиот дом, стапката на вработеност кај лицата од 20 до 29 години е значително над европскиот просек од 65,5 проценти. Таков е примерот со држави како Холандија, Данска, Германија и Шведска.
„Од друга страна, земјите како Грција, Хрватска, Шпанија и Италија, каде што младите подоцна се осамостојуваат, имаат стапка на вработеност под просекот на ЕУ.“
Во Македонија, неможноста за рано осамостојување се рефлектира и преку економските показатели. Стапката на вработеност кај младите во 2025 година изнесувала само 50,2 проценти, што јасно укажува на финансиските предизвици и несигурноста со кои се соочува оваа генерација при обидите да започне самостоен живот надвор од родителскиот дом.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден








