во

„Говеда, џукели, ќе ве запалам“: Шокантни навреди и мобинг во кумановскиот суд, вработените бараат оставка од претседателката

Тешки обвинувања за брутален мобинг, навреди на национална и верска основа, па дури и закани по живот ја тресат судската фела. Синдикатот на УПОЗ бара итна оставка од претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев, откако огромно мнозинство од вработените се кренаа на бунт поради неподносливите услови за работа.

Шокантни навреди и закани кон вработените

Дел од судската администрација денеска излезе пред зградата на судот за да го изрази својот револт. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, на прес-конференција обелодени скандалозни детали за секојдневниот третман што го добивале вработените, нагласувајќи дека ваквото однесување не било изолиран случај, туку се случувало дури и пред странки и граѓани.

„Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете, ќе ве запалам, ќе ве ставам под нозе, прво ќе те умрам, па ќе напуштам работа, вие од овој суд може да заминете само со брза помош“, се дел од зборовите кои, според Деаноски, претседателката им ги упатувала на вработените.

Супер Попуст -25%

Од синдикатот тврдат дека вработените биле континуирано навредувани и по лична, верска и национална основа. Дури 75 од вкупно 90 вработени во судската администрација ја потпишале претставката насочена против претседателката Манев.

Институциите молчат, се подготвува затворање на судот

Проблемот не е нов. УПОЗ посочува дека уште во извештај на Судскиот совет од 2023 година било констатирано дека претседателката во голема мера ги нарушила меѓучовечките односи. И покрај претходните обраќања до Министерството за правда и Судскиот совет, конкретни мерки за заштита на работниците не биле преземени.

Синдикатот сега бара Судскиот совет да престане да ги штити претседателите кои го рушат угледот на судството и веднаш да ги испита сите наводи, вклучително и сомнежите дека Манев се мешала во надлежностите на службениците и покажувала интерес за конкретни судски предмети.

Доколку институциите продолжат да ги игнорираат барањата, УПОЗ најавува радикализација. „Ги повикувам сите колеги зад мене да почнат протести, а спремни сме да го затвориме судот со штрајк доколку не се преземат мерки“, дециден е Деаноски.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски од Њујорк: Наместо промена на институциите, некои земји во ЕУ бараат промена на нашиот идентитет

Тенеси ќе ја погуби првата жена по повеќе од 200 години: Адвокатите бараат милост за Криста Пајк