
✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.
♈
Овен
Поенергични сте од вообичаено. Бидете подготвени на компромиси од секој вид. Доста работи денес лесно ќе ве вадат од такт, па присутни се нервоза, претерување и преголеми барања во односот со другите. Тензија помеѓу вас и партнерот.
♉
Бик
Во односот со колегите и на работа теренот е отворен за повремени тензии. Можни се главоболки, дури и напади на мигрена кај некои од вас. Во односот со саканата личност не бидете напорни и тврдоглави, дури и ако сметате дека сте целосно во право.
♊
Близнаци
Во деловниот дел, обидите на сите да им угодите и да им одите „низ влакно“ многу брзо ќе ве уморат кога ќе сфатите дека не постигнувате ништо поконкретно. Свртете се кон вашите приоритети. Отворена е можноста за авантура или сексуална афера.
♋
Рак
Обрнете внимание денес на односот со емотивниот партнер и бидете подготвени на компромисни решенија. Во деловниот сегмент ќе морате да промените некои свои планови и да им се прилагодите на другите, што тешко ќе ви падне.
♌
Лав
Денес се можни недоразбирања и разијдувања со луѓето со кои доаѓате во контакт. Можно е и да потрошите многу повеќе отколку што сте планирале. Со саканата личност тежок однос во текот на денот. Кавгаџиски сте расположени, нервозни и сè ве погодува.
♍
Девица
Доста работи во деловниот сегмент нема да ви одат од рака, а можно е и да морате да платите некој трошок или обврска која воопшто не сте ја планирале. На емотивниот партнер му е потребна поддршка, а вие не сте во некое расположение.
♎
Вага
Доста променливо расположение во текот на целиот ден, ќе бидат потребни доста компромиси за да остварите задоволителни договори со деловните партнери и соработниците. И со емотивниот партнер потребно е да примените дипломатија и шарм.
♏
Шкорпија
Можности денес да откриете некого кој ви работи зад грб, но и да дознаете некои непријатни вистини за личност која ја сметате за пријател. Емотивно денес сепак може да има убави моменти, бидејќи со партнерот сте си потребни еден на друг.
♐
Стрелец
Пред вас се отвора можност некој да ви притекне на помош токму тогаш кога ви е потребен, но и да добиете едно силно ветување поврзано со работата. Сега, дали ќе биде исполнето или не – тоа е веќе прашање… Емотивно – исклучително нагласени страсти.
♑
Јарец
Денес нема да се чувствувате лошо во деловните контакти – успевате да најдете заеднички јазик со сите, па дури и со шефовите кои се малку „нервозни“. Можни се некои трошоци поврзани со куќата или членовите на семејството. Малку време за средба со саканата личност.
♒
Водолија
Денес концентрацијата дефинитивно ќе ви биде многу слаба и нема да можете да го остварите она што сте го имале намера во деловниот сегмент. Лоша комуникација со другите, па и со емотивниот партнер или симпатијата. Премногу сте напнати и лесно избувнувате без вистинска причина.
♓
Риби
Во текот на овој ден има малку разбирање со деловните соработници, а можно е да ве очекуваат и трошоци или плаќања на кои сте заборавиле или не сте сметале. Немате време за емотивниот партнер, бидејќи сето она поврзано со работата целосно ќе ве окупира.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден







