
„Ова е автопен… тоа е Бајден“
Виралното видео објавено од Белата куќа на социјалните мрежи го прикажува моментот кога Трамп го води својот кинески колега низ колонадата. Тие застануваат пред делот кој американскиот претседател го нарекува „Претседателска куќа на славните“, каде што традиционално се изложени портрети и плакети во чест на поранешните лидери на САД.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Наместо класичен портрет од неговиот претходник Џо Бајден, Трамп му покажал врамен „autopen“ – уред кој се користи за автоматско потпишување документи, поставен точно на местото каде што вообичаено би стоела сликата на Бајден. Покажувајќи кон невообичаената рамка, Трамп кусо прокоментирал: „Ова е ’автопен‘… тоа е Бајден“.
Ретко опуштено издание на кинескиот лидер
Овој несекојдневен потег предизвика неочекувана и спонтана реакција. Ши Џинпинг гласно се насмеа на потегот, а веднаш му се придружија и останатите членови на високата кинеска делегација кои ги придружуваа лидерите.
Снимката од овој неформален момент привлече огромно внимание во светската јавност, бидејќи го прикажа кинескиот лидер во ретко и исклучително опуштено издание за време на неговата прва државна посета на САД по повеќе од една деценија.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден








