
Образложение до нацијата в недела навечер
Ненадејната изјава Вучиќ ја даде пред новинарите во Њујорк, каде што престојува во рамките на Генералното собрание на ОН. Тој нагласи дека граѓаните на Србија детално ќе бидат информирани за неговата одлука за време на викендот.
„Во недела е напорен ден, во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот навечер. Тогаш ќе ги наведам причините кои граѓаните ќе можат да ги слушнат“, изјави Вучиќ.
Разговори со Путин и судбината на НИС
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Паралелно со оваа најава, Вучиќ се осврна и на прашањето за Нафтената индустрија на Србија (НИС). Запрашан дали сликата за судбината на компанијата сега е појасна, тој истакна дека очекува конкретни одговори во следните неколку дена.
„Не знам што точно да одговорам, но се надевам дека по разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, за два до три дена ќе знам нешто повеќе“, појасни српскиот претседател.
Подготовки за Експо 2027
За време на престојот во Њујорк, Вучиќ ги искористил средбите со светските лидери за промоција на специјализираната изложба Експо 2027, која ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година. Под мотото „Игра(ј) за човештвото: спорт и музика за сите“, тој порача дека Србија мора да се подготви да биде најдобриот домаќин во светот.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден








