
Претпазливост низ клисурите и отворена рута преку Галичица
Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира до возачите за прилагодена брзина и внимателно управување со возилата, особено на патните правци низ котлините, речните долини и клисурите поради зголемена можност за појава на одрони. Оваа препорака посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Добра вест за возачите е што патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е повторно отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тона.
Активни градежни работи и времен режим на сообраќај
Поради бројните инфраструктурни зафати, на повеќе патни правци низ државата е воведен времен режим на сообраќај кој наложува строго почитување на поставената сигнализација:
- Автопат А4 и наплатна станица Преод: Поради санација на косина на делницата Миладиновци – Свети Николе – Штип, изменет е режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод (активно до 1 октомври 2026).
- ГП Делчево: Во тек е реконструкција на граничниот премин, но истиот функционира непрекинато со времен режим.
- Прилеп – Битола (Коридор 10Д): Движењето на возилата е пренасочено по регионалниот пат, од клучката Лагово до Тополчани.
- Прилеп – Крушево – Сладуево: Поради санација на патот, целосно е затворена делницата од Мало Коњари до Кривогаштани, а сообраќајот се одвива по алтернативни правци.
- Кичево – Охрид и ГП Блаце – Скопје: На овие патни правци се изведуваат градежни работи на повеќе делници, поради што сообраќајот се одвива со девијации.
„АМСМ препорачува строго почитување на сообраќајната сигнализација на местата каде што се изведуваат градежни работи, со цел да се избегнат несакани инциденти и застои.“
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден








