во

„Можеме да ви ја собориме владата“: Волстрит џурнал со шокантни детали за американската амбасадорка во Грција

Угледниот „Волстрит џурнал“ објави контроверзни детали за дипломатскиот мандат на американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл. Според весникот, таа на официјална вечера се заканила дека САД можат да соборат која било влада, а своите балкански турнеи ги користела за промовирање приватни бизнис интереси.

Шокантни закани на вечера со грчки министри

Инцидентот се случил во март оваа година за време на вечера на која присуствувале повеќе членови на грчката влада, вклучително и министерот за енергетика, Ставрос Папаставру. Додека се дискутирало за политичката криза и падот на владата во Романија, дошло до остар вербален судир.

„Тоа можеме да му го направиме на секого. Можеме да го направиме и овде“, изјавила Гилфојл, алудирајќи на моќта на САД за промена на режими, според цитатите во „Волстрит џурнал“.

Супер Попуст -25%

На оваа директна провокација, министерот Папаставру одговорил децидно дека САД не можат да ја соборат грчката влада бидејќи таа е легитимно избрана од грчкиот народ.

Лобирање за „Актор“ и американски течен гас

Покрај дипломатските гафови, весникот открива сериозни индиции за конфликт на интереси. Откако ја презела функцијата, Гилфојл значаен дел од времето посветила на патувања низ балканските земји со цел проширување на мрежата на купувачи на американски течен природен гас (LNG).

Меѓутоа, на овие средби со владини претставници од регионот редовно ја придружувал Кристос Марафатсос, лобист на моќната грчка градежна компанија „Актор“. На состаноците, покрај енергетските договори, биле промовирани и градежните услуги на „Актор“. Марафатсос толку често бил присутен на официјалните државни средби што некои балкански функционери мислеле дека тој е шеф на кабинетот на американската амбасадорка.

Приватни мотиви за амбасадорската позиција

„Волстрит џурнал“ додава и пикантерии за самото назначување на Гилфојл. Според извори на весникот, претседателот Доналд Трамп лично побарал таа да биде испратена во Грција за да биде „што подалеку“ од неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, со кого претходно беше свршена. Адвокатите на Трамп категорично ги негираа овие тврдења.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Аларм во технолошкиот свет: „ОпенАИ“ ја стопира обуката откако ВИ ботовите излегоа од контрола на владини сајтови

„Можеме да ви ја смениме владата и овде“: Наводната изјава на американската амбасадорка предизвика бура во Грција