во

Дигитална револуција во ЈСП: Студентите во Скопје добиваат електронска картичка за јавен превоз

Долгогодишното чекање пред шалтерите на ЈСП и вадењето хартиени потврди заминуваат во историјата. Студентите во Скопје наскоро ќе добијат дигитална студентска превозна картичка, со што користењето на бесплатниот јавен превоз значително се поедноставува.

Крај на бирократијата за студентскиот превоз

Подготовките за воведување на дигиталната картичка се веќе во завршна фаза, потврди Љупчо Ристески, претседател на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека оваа новина е директен одговор на барањата на студентите и се реализира со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП.

„Ова е промена што студентите ја побараа и која заслужува да биде реализирана. Градското раководство ги слушна нивните потреби и пристапи кон решавање на една административна обврска што со години им одземаше време и енергија. Време е институциите да го преземат својот дел од работата и меѓусебно да ги разменуваат податоците што веќе ги поседуваат“, нагласи Ристески.

Автоматска синхронизација и валидација со QR-код

Супер Попуст -25%

Техничкото решение за дигиталната картичка се подготвува преку заедничка соработка меѓу ЈСП, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и Универзитетот „Мајка Тереза“.

Студентскиот статус повеќе нема да се докажува со хартиени документи. Системот ќе се базира на автоматска синхронизација на податоците меѓу факултетите и ЈСП. Дигиталната картичка ќе биде интегрирана и достапна директно преку постоечката мобилна апликација SkopjeBus.

Процедурата за активирање е едноставна: студентите ќе добијат детални упатства на својата електронска адреса, ќе се најават во апликацијата со универзитетскиот мејл и ќе ја активираат картичката. При самото патување, наместо допирање пластична картичка на апаратите, студентите ќе користат генериран QR-код од својот телефон за валидација при влез во автобусите.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Малолетник тешко повреден: Удрен од „ауди“ на улицата „Славеј Планина“ во Скопје

Мицкоски од говорницата на ОН: Нашата географија не мора да биде судбина, таа може да стане наша предност