
Психијатриско вештачење: Обвинетиот е пресметлив
На предлог на обвинителот Љубомир Лапе, судот го сослуша вештото лице, специјалист психијатар и форензички психијатар, проф. д-р Стојан Бајрактаров. Тој ја анализираше здравствената состојба на обвинетиот и неговата способност да ја следи судската постапка.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
И покрај барањето на бранителот по службена должност, Тони Петковски, за доделување логопед или друго стручно лице поради тешкотии во говорот, судот и вештакот го одбија ова барање. Д-р Бајрактаров појасни дека кратките одговори на Бојковски се резултат на неговото образование и ограничениот фонд на зборови, а не на неможност да го разбере македонскиот јазик.
„Вештакот потврди дека кај обвинетиот не е утврдена никаква душевна болест или состојба што би барала психијатриско лекување, оценувајќи го како целосно пресметлив и способен да воспостави комуникација и да воочи опасност“, се наведува во вештиот наод.
Признанија, негирања и соочување со докази
За време на давањето исказ, Бојковски даде различни одговори за томерот на обвиненијата:
- За настаните поврзани со Јанка Антевска од Драгоманце и Марија Маринковска од Старо Нагоричане, тој одговори потврдно и изјави дека се кае.
- Во врска со настанот со Слободка Арсовска од Челопек, потврдил дека бил таму поради пари, но се исплашил од кучето и побегнал без да земе ништо.
- За Мира Станковска од Челопек, најпрво негираше, но откако му беа презентирани биолошките траги пронајдени под ноктите кои се идентични со неговите, тој го призна делото и исто така изрази каење.


