во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 ОКТОМВРИ: Бикот повторно ја губи довербата во себе, Водолијата во одлично расположение

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Некој денес во деловниот сегмент ве нервира со своето однесување, бидејќи постојано ги преиспитува вашите одлуки. Не сте најтрпеливи, па повеќе од веројатно е дека ќе изреагирате. И во емотивниот сегмент ќе бидете импулсивни и неподготвени за компромис со партнерот.

♉

Бик

Повторно почнавте да ја губите довербата во себе и во своите постапки. За да успеете во некои договори потребно е да покажете повеќе самодоверба. Комуникацијата со некој кој ви е многу привлечен може многу брзо да ве воведе во флерт, па и во авантура.

♊

Близнаци

Потребно е многу повеќе усогласување со луѓето со кои доаѓате во контакт, доколку имате намера да го остварите она што сте го планирале. Премногу инсистирате на своите цели, а другите мислења ги занемарувате. Ова денес ќе ви пречи и во односот со саканата личност.

♋

Рак

Стресен ден е пред вас, си оставивте премалку време за завршување на некои обврски и набрзо ќе увидите дека е малку веројатно дека ќе стигнете сè. Во односот со партнерот потребно е да се опуштите и да заборавите некои негови минати пропусти. Не ја расипувајте ситуацијата.

♌

Лав

Вие би на една страна, работата ве влече на друга. Прилично е тешко дека ќе успеете да ги усогласите своите обврски со своите приватни планови. Некои работи дефинитивно ќе морате да ги откажете, или средбата со деловниот соработник или со саканата личност.

♍

Девица

Со оглед на тоа дека бевте со доста ладна глава во претходните денови, кога имаше и најголема гужва, не ми е јасно зошто денес се вознемиривте кога немате многу работа пред себе. Можно е некои работи да ве „стигнале“. Не сакате сериозни разговори со саканата личност.

♎

Вага

Ако сметате дека некој денес ќе ви притекне на помош, тоа слободно отпишете го. Колегите ќе ве остават на цедило, па снаоѓајте се како знаете и умеете. Додуша, и вам повеќе ви е грижа за средбата со симпатијата отколку за работата. А сигурно е дека таа прочуена средба и ќе се случи денес.

♏

Шкорпија

Имате повеќе од добра комуникација со шефовите, но и со сите лица кои ви се деловно важни. Поддршката за вашите планови е нагласена, па искористете ја оваа ситуација. Ден за необврзувачки средби, за авантура. За емотивните врски доста слаб момент, иако постои труд од ваша страна.

♐

Стрелец

Сослушајте денес што ви препорачуваат и зборуваат другите, бидејќи имаат доста корисни совети или информации за вас. Некој може да се постави пријателски во, за вас непријатна ситуација. Договорот за средба со пријателите кои одамна не сте ги виделе ќе го фрли во сенка она што сте го договориле со саканата личност.

♑

Јарец

Можно е повеќе колеги денес да побараат ваш совет или да инсистираат вие да бидете организатор на деловните обврски или проекти. Малку напорен ден, но ќе бидете задоволни од себе. Големо расположение бидејќи пред вас е договорена средба со некој кој одамна ви е интересен.

♒

Водолија

Денес сте во одлично расположение, иако деловните обврски нема да ви бидат интересни. Порадо ќе се свртите кон комуникацијата со колегите и ќе ја кревате атмосферата во работното опкружување. Сметате дека е поважно она што вие го сакате отколку она што го сака партнерот.

♓

Риби

Толку работа ве чека денес што просто не ви е јасно како ќе успеете сè да завршите. Помалку паника, повеќе организација и сè ќе си дојде на свое место. Сепак, ќе бидете прилично исцрпени од дневните случувања и можно е да немате сила за средба со саканата личност.
Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Времето за викенд: Студено утринско со нула степени, а преку денот сончево и топло до 27 степени

Традиционален медитерански специјалитет: Лесен рецепт за богата мусака која секогаш успева, дури и за почетници