
Потребни состојки
Овој рецепт е идеален бидејќи не бара специфични намирници, туку состојки кои најверојатно веќе ги имате во вашата кујна.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
За тестото:
- 400 г брашно (мазно, тип 400 или 500)
- 1 ќесичка прашок за печиво (10 г)
- 1 лажичка сол
- 250 мл течен јогурт (на собна температура)
- 100 мл масло
- 1 јајце
За премачкување и посипување:
- 1 жолчка
- 1 лажица млеко или масло
- Сусам, ким или крупна морска сол по желба
Брза и едноставна подготовка
Во подлабок сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Додадете ги јајцето, маслото и јогуртот. Со лажица или миксер со додатоци за тесто соединете ги состојките, а потоа кратко со рака замесете мазно и меко тесто кое не се лепи за рацете (доколку е премногу лепливо, додадете уште една лажица брашно).
Тестото веднаш префрлете го на работност површина благо набрашнета со брашно. Развлечете го со сукало на дебелина од околу 1 до 2 сантиметри. Со чаша или тркалезен калап вадете ги погачиците и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Печење и сервирање
Во мал сад изматете ја жолчката со една лажица млеко и премачкајте ја секоја погачица. По желба посипете ги со сусам, ким или семки по ваш избор. Уфрлете го плехот во однапред загреана рерна на 200 степени Целзиусови и печете околу 15 до 20 минути, односно додека погачиците не добијат убава, златно-румена боја.
Совет плус: За да бидат уште помеки и да добијат прекрасен сјај, погачиците премачкајте ги со малку растопен путер веднаш штом ќе ги извадите од рерна. Служете ги топли со сирење, кајмак, суво месо или вашиот омилен џем!


