
Студено време, дожд и снег на планините
Територијата на државата е под влијание на постудена воздушна маса која носи значителен пад на температурите. Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 11 до 18 степени.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Синоптичарите за денес најавуваат и повремени локални врнежи од дожд низ земјава. Поради продорот на студениот воздух, се очекува врнежите на одредени повисоки планини да преминат во повремен снег.
Прогноза за Скопје и најава за викендот
Во главниот град Скопје времето ќе биде променливо облачно и постудено, со минимална температура која ќе се спушти до 10 степени, и максимална дневна која ќе достигне до 15 степени. Во делови од скопската котлина повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Слични временски услови со променливо облачно и постудено време ќе преовладуваат сè до петок, за кога повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и снег. Временските прилики ќе се стабилизираат за време на викендот, кој ќе ни донесе сончево време со мала до умерена облачност.


