во

Огнена ноќ во Тирана: Студентските протести ескалираа во жестоки судири со полицијата

Студентскиот протест во Тирана, на кој се бара оставка од премиерот Еди Рама и неговата влада, вчеравечер прерасна во повеќечасовни насилни судири со полицијата. Десетици лица се повредени, а низ улиците останаа запалени предмети и оштетен имот.

Ескалација пред Министерството за образование и упад во Општината

Протестот започна пред Министерството за образование, каде незадоволството од состојбите во образовниот систем брзо прерасна во пошироко политичко барање за промена на власта. Лидерот на движењето „Башке“, Арлинд Ќори, јасно порача дека барањето за оставка на Рама „не е предмет на преговори“.

Супер Попуст -25%

Тензиите ескалираа кога дел од демонстрантите почнаа да фрлаат камења и бекатон-плочки кон полициските кордони, оштетувајќи прозорци и метални огради. Полицијата возврати со солзавец и водени топови. Најжестоките пресметки се случија на неколку локации:

  • Улицата „Драч“: Демонстрантите палеа картони и рекламни паноа, додека полицијата се обидуваше да ги потисне со водени топови.
  • Општина Тирана: Дел од насобраните упаднаа во општинската зграда, кршејќи прозорци и инвентар во ходниците, по што полицијата интервенираше и за да изгасне пожар.
  • Нов пазар: Групи демонстранти палеа контејнери во близина на дрвените пазарни конструкции.

Повредени, приведени и истраги

Според Министерството за здравство, по немирите во Универзитетската болница за трауматологија на лекување останале една полицајка, четворица демонстранти и двајца минувачи, сите надвор од животна опасност. Повеќе други полицајци, медиумски работници и граѓани биле пуштени на домашно лекување по укажаната помош, а медицински третман добил и еден странски дипломат.

Албанската полиција информираше дека се приведени 23 лица и се отворени истражни постапки. Министерот за внатрешни работи, Ервин Демо, најостро ги осуди нападите врз полициските службеници и уништувањето на имотот, но вети и детална истрага за секое тврдење за евентуална прекумерна или незаконска употреба на сила од страна на полицијата. Тимови на Народниот правобранител веќе ги посетуваат повредените за да ги документираат настаните.

 

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Захарова со порака до Македонија и Балканот: Зачленувањето во ЕУ значи целосно усогласување со антирускиот курс

Жена од Солун им постави стапица на измамници: Дошле по 4.500 евра и златници, а завршиле во полиција