
Двојна пресуда и апел за помош од затворот
Покрај изречената смртна казна, во одвоен судски процес Амини е осудена и на дополнителни 12 години, шест месеци и еден ден затвор. Оваа драконска казна ѝ е изречена под обвиненија за дејствување против националната безбедност и ширење пропаганда против иранскиот режим.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Студентката, која беше уапсена за време на протестите во јануари, моментално се наоѓа во затворот во Машхад. Минатиот месец таа успеа да испрати аудио-порака со драматичен апел до меѓународната заедница, Обединетите нации и организациите за човекови права: „Не сакам да се претставувам како хероина. Сакам само едно: бидете мојот глас.“
Отфрлена одбрана и загрижувачки број на егзекуции
Во обид да ја спаси од смртна казна, одбраната на Амини се повикала на фактот дека спорната објава била напишана под дејство на халуциногени печурки, тврдејќи дека станува збор за ненамерен пропуст. Сепак, судијата целосно ја отфрлил ваквата одбрана, прашувајќи зошто во истата состојба таа не ги навредила противниците на режимот, како што се САД и Израел.
Иако иранскиот закон предвидува смртна казна за богохулење, ваквите пресуди историски беа ретки. Но, организациите како „Иран Хјуман Рајтс“ предупредуваат на алармантен тренд – само оваа година во Иран се погубени повеќе од 600 лица, што укажува на сè почеста употреба на смртната казна како алатка за задушување на несогласувањето. Пресудата на Амини сè уште не е правосилна и таа има право на жалба до Врховниот суд.

