
Бегство со одземени пасоши и спорната изјава за границата
Од партијата посочуваат дека институциите сè уште немаат понудено одговор на прашањето како лице со одземен македонски и бугарски пасош успеало непречено да ја напушти државата и да стане недостапно за органите на прогонот.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
СДСМ остро ја критикува јавната констатација на министерот Тошковски во која тој ја спореди државната граница со „швајцарско сирење“:
- „Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е ‘швајцарско сирење’. А кој е надлежен за границата? Тошковски. Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење“, се наведува во соопштението.
- Од опозицијата додаваат дека границата функционира како „решето и за криминалци и за бегалци од правдата“, додека конкретна одговорност изостанува.
Обвинувања за политички театар и договор „под радар“
Според наводите на СДСМ, власта свесно избегнува преземање политичка и институционална одговорност за случајот што ја бранува јавноста.
„Никој не одговара. Нема правда. А кој раководи со полицијата? Тошковски. Ама Мицкоски го штити Тошковски. Сега на сите им е јасен договорот под ‘радар’ за пуштање на Михајлова. Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски, сега народот гледа театар“, порачуваат од партијата.


