
Стабилно и топло време низ целата земја
Според прогнозата на метеоролозите, минималната утринска температура низ земјава ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени, додека максималната дневна ќе биде од 12 до 23 степени Целзиусови. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Во Скопје се очекува слично време – претежно сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура во главниот град се спушти до 7 степени, а во текот на денот максималната ќе достигне до пријатни 21 степен.
Од четврток значителна промена и врнежи од дожд
Стабилното и сончево есенско време ќе се задржи до средината на следната седмица. Дотогаш ќе преовладуваат сончеви периоди со мала локална облачност. Промена на временските услови се очекува веќе во среда, кога облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со повремени краткотрајни сончеви периоди.
Позначителна промена на временските услови се најавува за четврток и петок, кога ќе преовладува претежно облачно време, проследено со врнежи од дожд ширум земјава.


