
Денеска променливо со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за слаб локален дожд, кој ќе започне прво во крајните западни делови, а потоа ќе се прошири на повеќе места низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната утринска температура се движеше во интервал од 0 до 10 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде слично, променливо облачно со сончеви периоди и максимална температура до 23 степени.
Врнежлив продолжен викенд и појава на магла
Од утре, па сè до почетокот на следната работна седмица, Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно со чести врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер.
„Најнестабилно ќе биде во четврток, кога врнежите ќе бидат проследени со појава на ретки грмежи. Дополнително, утре и во четврток на повеќе места ќе има услови за појава на утринска магла. Ветерот ќе биде слаб до умерен од југоисточен правец, но во петок се очекува засилување од северозапад“, најавуваат од УХМР.


