
Обвинувања од опозицијата: Долгови во ЕСМ и неисполнети ветувања
Интерпелацијата, поднесена од пратеничката група на Левица и поддржана од СДСМ, се темелеше на обвинувања дека Министерството не ги решава клучните проблеми во енергетиката и дека приватните интереси се штитат на сметка на државните. Пратениците од СДСМ дополнително обвинија дека реформите за поврзување со европскиот пазар доцнат, а домашните производители на струја се соочуваат со неповолни услови.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
На листата критики на опозицијата се најдоа и неисполнетото ветување за укинување на дистрибутивната такса, кратењето на средствата за гасификација, како и поскапувањето на парното греење за граѓаните.
Одбрана од власта: Нови закони и стабилизација на ЕСМ
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ застанаа во силна одбрана на Божиновска, потенцирајќи го носењето на новите енергетски закони, одземените концесии и повторното активирање на продуктоводот Солун – Скопје како нејзини позитивни резултати. На критиките за финансиската состојба на АД ЕСМ, власта возврати дека компанијата била наследена со минус од 180 милиони евра, а сега веќе бележи позитивно салдо.
Во своето обраќање, министерката Божиновска ги отфрли обвинувањата, нагласувајќи дека опозицијата намерно ги меша надлежностите на нејзиното Министерство со оние на енергетските компании, Регулаторната комисија и општините. Таа категорично негираше дека постои каква било намера или одлука за продажба на државните електрани, посочувајќи го како свој успех и гасното поврзување со соседите.
„Интерпелацијата не беше изгласана. За неа гласаа 19 пратеници, 63 беа против, а воздржани немаше. Сања Божиновска останува на министерската функција“, беше констатирано по завршувањето на гласањето.


