
Милионски приливи, строга контрола и политички судири
Според заменикот министер за енергетика и рударство, Мирослав Лабудовиќ, новите капитални инвестиции во рударството можат значително да го поттикнат економскиот развој преку директни и индиректни приливи. Тој најави дека новиот Закон за рударство ќе воведе засилена контрола врз експлоатацијата и висока заштита на животната средина. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, се надоврза дека модерното рударство подразбира имплементација на нови технологии кои не се споредливи со старите практики од минатиот век.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Наспроти овие тврдења, опозицијата излезе со остар став. Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, децидно порача дека „рудници нема да има“, посочувајќи го револтот на граѓаните и еко-здруженијата, како „Здрава котлина“, кои силно се противат на реактивирањето на проектите за Казандол и Иловица-Штука.
МАНУ: Без метали нема зелена транзиција
Во дебатата аргументирано се вклучи и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), чија Стратегија за минерални суровини 2026–2046 повикува на одржливо, научно засновано рударство. Научниот соработник Александар Дединец предупреди дека еколошката транзиција кон нискојаглеродна економија е невозможна без суровини, нагласувајќи дека клучното прашање не е дали ни треба рударство, туку „какво рударство сакаме“.
„Нема соларни електрани без минерални суровини, нема ветерни електрани без метали, нема електрични возила, батерии и современа електроника без суровини кои некаде треба да бидат истражени и ископани. Металите се предуслов за современите технологии“, заклучи Дединец.


