
Кобна грешка: Зелено светло за удар во расипан воз
Истрагата за трагедијата открива шокантни детали за моментите пред судирот. Анализираните аудиоснимки од разговорот меѓу контролорот на сообраќај во Мадрид и машиновозачот јасно покажуваат дека на брзиот воз му било дадено зелено светло за минување, иако на истите шини пред него веќе имало друга композиција која била во дефект и стоела во место.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, изјави дека одлуката да се продолжи со сообраќајот била донесена директно од контролниот центар, опишувајќи ја ваквата постапка како „необјаснива“ од нивна гледна точка.
Протести, судири во Мадрид и најава за штрајк
Трагедијата предизвика силен револт кај јавноста. Стотици граѓани излегоа на протест во Мадрид барајќи оставки и лоцирање на вината, при што тензиите ескалираа во физички судири меѓу демонстрантите и полицијата. Како дополнителна реакција на небезбедните услови, синдикатот на машиновозачи најави штрајк во одбрана на безбедноста на железничката мрежа.
„Цела Шпанија е во жалост. Ќе одиме до крај – ако имало небрежност, ќе откриеме. Не е прифатливо земја како Шпанија да претрпи две несреќи со брзи возови во истата година“, категорично порача шпанскиот премиер Педро Санчез.

