
Облачност, сончеви периоди и северозападен ветер
Според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска нè очекува променливо време. Облачноста ќе биде проследена со повремени сончеви периоди, но и со слаб до умерен ветер. Наместа вдолж Повардарието, ветерот кој ќе дува од северозападен правец повремено ќе засилува.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Минималната утринска температура низ државата ќе се движи во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови. Во главниот град Скопје, времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен северен ветер, при што температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 11 степени.
Стабилизација, утринска магла и студ за викендот
Веќе од утре метеоролозите најавуваат промена и преминување кон стабилно и суво време со променлива облачност во текот на денот. Сепак, во четврток, петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на карактеристичната утринска магла.
„Од петок облачноста значително ќе се намали. Во деновите од претстојниот викенд се очекуваат постудени утра со минимална температура која на одредени места ќе се спушти под нула степени“, информираат од УХМР.


