
Златни и сребрени успеси на меѓународната сцена
Младиот и талентиран Никола Здравески се најде во центарот на вниманието откако беше награден со општинското признание за неговиот врвен резултат на XIX Меѓународна олимпијада по геонауки (IESO 2026), одржана во Торино, Италија. На натпреварот каде што се соочија 160 средношколци од 40 земји во светот, Никола освои златен медал во категоријата „Earth System Project (ESP)“ за истражување во меѓународни тимови и сребрен медал во категоријата „International Field Team Investigation (IFTI)“ за теренско истражување.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
До овој голем успех, под менторство на професорката по географија Александра Ристеска, тој стигна преку упорна работа и одлични пласмани на домашните и државните натпревари.

Извонреден успех на македонскиот национален тим
Успехот на Никола е дел од фантастичниот колективен резултат на македонската делегација на овогодинешната олимпијада во Торино, од каде нашите средношколци се вратија со вкупно девет освоени медали. Покрај Здравески, со медалии се закитија и Стефанија Димовска од Битола, Трајче Шатков од Кавадарци и Борче Кузманоски од Ресен, под водство на професорите д-р Горан Китевски и д-р Ивица Милевски од ПМФ.
Ова признание претставува уште една потврда за огромниот потенцијал на младите генерации и традицијата на успеси што ја негува прилепската гимназија „Мирче Ацев“.
„Со освоените два медала на светско ниво и добиеното Третоноемвриско признание, Никола Здравески испиша уште една убава страница во успешната приказна на прилепската гимназија, докажувајќи дека знаењето и посветеноста носат резултати за паметење.“

