
Пречек во Буенос Аирес и политички контекст
По првата станица во Уругвај, папата Лав XIV денеска пристигнува во Аргентина – родната земја на неговиот претходник Франциско, кој за време на својот понтификат никогаш не ја посети татковината поради страв од политички влијанија. Во главниот град Буенос Аирес, поглаварот на католичката црква ќе биде пречекан од десничарскиот популистички претседател Хавиер Милеи, чии радикални политики за слободен пазар се предмет на големи контроверзии во земјата каде што католичката популација бележи пад.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Папата планира да остане во Аргентина до среда, по што турнејата ќе продолжи кон Перу – земја каде што тој две децении служел како мисионер и бискуп, поради што поседува и перуанско државјанство.
Интензивна агенда, безбедносни предизвици и здравствена состојба
Целото патување на папата опфаќа над 30.000 километри воздушен пат, со преку 36 проповеди и говори во 10 различни градови. Агендата вклучува и предизвикувачка посета на перуанските Анди на надморска височина од 3.700 метри, што носи ризици со оглед на тоа што во октомври му беше отстранет дел од десното белодробно крило поради малиген тумор.
Претходно во Монтевидео, Папата оствари емотивна и ризична прошетка низ насилната населба Касавале, силно погодена од криминал и трговија со дрога, каде јавно ја осуди сиромаштијата и страдањето на децата.
„Дете во оваа земја – толку богата со ресурси – не би смеело да си легнува со празен стомак, а камоли да трпи насилство што доведува до загуба на живот…“ — порача папата Лав XIV.


