
Детали од несреќата на автопатот А3
Според информациите од хрватската полиција, несреќата се случила утринава околу 7:25 часот на 61. километар од автопатот А3 во правец кон Загреб, непосредно по клучката Иванич-Град. Под сè уште неразјаснети околности, дошло до превртување на автобус со српски таблички.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
На местото на настанот веднаш пристигнале бројни екипи на итната медицинска помош, пожарникари и полиција, а за брзо згрижување на повредените бил ангажиран и медицински хеликоптер. Повредените патници се превезуваат во болниците во Загреб.
Увид на терен и сообраќајни рестрикции
Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница од автопатот кон Загреб се одвива отежнато и забавено, исклучиво по левата сообраќајна лента. Надлежните служби вршат увид на терен за да ги утврдат причините што доведоа до оваа трагедија.
„Утрово, 8 ноември, околу 7:25 часот, на автопатот А3, на 61. километар во правец кон Загреб… дошло до превртување на автобус со српски регистарски ознаки, при што две лица загинале…“ — соопшти хрватската полиција.


