
Директни разговори без учество на Европа
Дводневните разговори во главниот град на Обединетите Арапски Емирати претставуваат прв директен контакт меѓу двете завојувани страни од февруари оваа година. Иако Франција, Германија и Европската комисија испратија свои претставници во ОАЕ, Москва категорично одби учество на европски претставници на преговарачката маса. Поради тоа, украинската делегација ќе одржува одделни средби со европските сојузници за да ги информира за текот на преговорите.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
„Правиме сè за да осигуриме дека Европа е учесник во дипломатскиот процес“, изјави Рустем Умеров, шеф на украинската делегација, коментирајќи го ваквиот формат на средбите кои започнаа утринава.
Трамп оптимист, Путин бара остапки за Донбас
Американскиот претседател Доналд Трамп, по неодамнешната средба со претставник на рускиот претседател Владимир Путин во Белата куќа, најави дека наскоро би можел да се постигне широк мировен договор кој би ја инкорпорирал и европската безбедност.
Руската делегација и овој пат е предводена од помошникот на Кремљ, Владимир Медински, а за првпат вклучува високи претставници како заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков и генерал-потполковник Јуриј Жигарловски од Генералштабот на руската армија. И покрај оптимизмот од Вашингтон, сè уште нема јавни индикации дека Владимир Путин е подготвен да се откаже од барањето Украина да го предаде целиот источен регион Донбас како главен услов за мир.
„Претставници на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се сретнат денеска во Абу Даби на дводневни разговори, што се први директни контакти меѓу двете земји од февруари годинава…“


