во

Спектакуларно откритие кај Валандово: Откриен монументален римски базен со осум видови мермер на Исар-Марвинци

Најновите археолошки истражувања на локалитетот Исар-Марвинци кај Валандово резултираа со спектакуларно откритие – монументален римски базен обложен со осум различни видови мермер и сложен систем за загревање.

Антички луксуз: Бања со топла вода и мермерни облоги

Како што соопштија од Археолошкиот музеј, откриениот базен е со импозантни димензии, поголем од 4,5 на 2,5 метри, и длабочина од над 1,5 метри. Изграден е со специјален водоотпорен малтер врз кој е поставена мермерна облога од дури осум различни видови мермер. За да биде естетскиот впечаток врвен, мермерните површини биле дополнително застаклени.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Досегашните сознанија за овој комплекс укажуваа само на постоење простор за капење со ладна вода. Но, новите откритија докажуваат дека по 2 век од нашата ера, градот располагал со луксузна бања со топла вода. Особено значајно е откривањето на добро зачуваниот систем за загревање (хипокауст) под базенот, кој функционирал преку посебна печка и систем за циркулација на топол воздух.

Зачуваност под седум метри земја и промена на намената

Една од најголемите вредности на ова откритие е неговата исклучителна зачуваност, со оглед на тоа што бањскиот простор се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина. Овој наод овозможува ретка и непосредна можност за проучување на римските технички и инженерски решенија, водоснабдувањето и градската цистерна, што директно го потврдува економското и урбаното значење на градот на Исар.

Археолошките истражувања откриле и фасцинантни траги за тоа како се менувала функцијата на просторот низ вековите. Во доцната антика (4-5 век), над бањскиот комплекс била изградена топилница за железо и стакло, а се претпоставува дека дел од објектот добил и воена функција, менувајќи ја својата првобитна јавна намена.

„Квалитетот на градбата, хидроизолацијата, разновидните мермерни облоги и сложениот систем за загревање укажуваат на значителни вложувања во јавната инфраструктура. Овие откритија дополнително го потврдуваат економското и урбаното значење на градот на Исар во римскиот период.“

Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски дециден: Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Партијата на Орбан се оградува: „Фидес“ негира поврзаност на поранешниот министер со милијардите пронајдени во шумите