
Барање до МВР и сомнежи за политичка мотивација
Остро осудувајќи го чинот, Ѓорѓиевски упати директен повик до Министерството за внатрешни работи веднаш да ги прегледа безбедносните камери од системот „Safe City“. Тој инсистира да се пронајдат сторителите, но и детално да се испита дали овие инциденти се случаен вандализам или станува збор за организирана и политички мотивирана саботажа насочена против развојот на градот.

Удар врз граѓаните и најава за нов видео-надзор
Градоначалникот потенцираше дека ваквото однесување претставува директен удар врз заедничкиот имот платен со парите на скопјани. Тој потсети дека градот неодамна набавил 3.300 нови контејнери во обид да го реши деценискиот проблем со сметот, заклучувајќи дека очигледно некому не му одговара чисто Скопје.
За да се спречат вакви инциденти во иднина, Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе заврши поставувањето на дополнителни 200 градски камери, со што значително ќе се засили надзорот на јавните површини и ќе се олесни санкционирањето на вандалите.
„А ако со ова некој мисли дека мене лично ми прави штета, се лаже! Прави штета на градот, овие контејнери се купени со парите на скопјани… Нема да дозволиме некој да си поигрува со градот. Со законите нема поигрување!“ — порача градоначалникот Ѓорѓиевски.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден







