во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18 НОЕМВРИ: За Водолиите пристигнува сериозна понуда, на Биковите им се наострени роговите за кавга

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Работниот ден ќе помине во нервоза, особено ако очекувате важен повик или контакт со соработниците. Нешто повеќе тензии со шефовите. Нагласено сте тврдоглави и сè ви пречи. Емотивна вознемиреност – можно е да добиете повик од некого од емотивното минато.

♉

Бик

Денес е бурно на работа. Напнатост меѓу соработниците, колегите, можно е да не бидете директно вклучени, но ќе присуствувате на сето ова. Задржете ги смиреноста и присебноста. Не ја анализирајте премногу личноста која ви се допаѓа, или сакате продолжување на комуникацијата или не…

♊

Близнаци

Во деловниот сегмент сте како оса, бодете со зборови на сите страни, и тоа погодувате токму таму каде што боли. Ова лесно може да премине во кавга со соработниците, а тоа не го сакате. Оладете малку. Емотивниот партнер денес тешко ќе излезе на крај со вас, ќе му биде потребно многу трпение.

♋

Рак

Еден од колегите конечно се удостои да ви помогне околу некои обврски, и тоа тогаш кога стана очигледно дека не можете на време да го завршите она што сте го презеле. Деловно напорен, но емотивно добар ден, кога треба да бидете отворени кон партнерот и да кажете што ви пречи.

♌

Лав

Сè она што сте го планирале за денес, уште од утринските часови ќе дојде на преиспитување. Неочекувани ситуации сега ви ги расипуваат сите договори. Доколку можете, вклопете се, доколку не – подобро оставете за друг ден. Емотивно денес сте статични и не сте баш расположени за партнерот.

♍

Девица

Нервозата ќе биде присутна само во претпладневните часови, веќе после тоа влегувате во фаза кога можете да здивнете во деловниот сегмент. Силната позитивна енергија е нагласена во емотивните односи и ќе се потрудите да поминете убави моменти со саканата личност.

♎

Вага

И кај вас постои нервоза, можна е дури и поблага расправија со надредената личност. Не се инаетете, обидете се да бидете потактични. Во многу поттикнувачко и страсно расположение сте и одвај ќе ја чекате средбата со емотивниот партнер. Можности и за тајна средба.

♏

Шкорпија

Силен контакт со некој кој ви е деловно важен, можно е да е личност од друг град или странец. Денес се присетувате на емотивното минато и можеби нема да одолеете на искушението да ја контактирате таа личност, онака без причина, чисто заедно да се потсетите на некои убави моменти.

♐

Стрелец

Напорен ден, иако нема да поминете лошо. Некои ситуации со колегите брзо ќе пламнат, но и брзо ќе се смират. Денес е важно да бидете тактични во контактот со саканата личност, бидејќи лесно можете ненамерно да ја испровоцирате. Многу добро знаете кои се нејзините слаби точки, затоа не чепкајте…

♑

Јарец

Променливи случувања во деловниот сегмент. Ред добри, ред лоши информации. Некои деловни прилики можат да се отворат пред вас, но нема да бидете сигурни дали да се вклучите во сето ова или не. Подобра е ситуацијата во љубовните односи, иако партнерот може прилично незгодно да ве „чепне“ со некои зборови.

♒

Водолија

Деловниот партнер денес има понуда која тешко ќе ја одбиете, иако тоа значи дека дополнително ќе си натоварите обврски на врат. Со емотивниот партнер денес имате одлична комуникација и можеби на дневен ред би можеле да изнесете некои прашања кои ви се важни.

♓

Риби

Нервоза во претпладневните часови на работа, но затоа ќе успеете набрзина да ги одработите обврските кои не сте ги ни планирале. Денес може да има убави изненадувања во љубовната сфера. Можност за ново познанство или посилна комуникација со личност која неодамна сте ја запознале.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Аларм од УХМР: Опасни ветришта до 80 км/ч и дожд ја зафатија Македонија, внимавајте каде се движите!

Тајната на искусните домаќинки: Со оваа една состојка кнедлите за супа никогаш повеќе нема да ви се распаднат!