
Над 200 предложени сведоци и дополнителен товар за семејствата
Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4NEWS.mk, Александар Наунов и Томче Стојанов посочија дека одбраната предложила повеќе од 200 сведоци, иако дел од предлозите подоцна биле повлечени. Според нив, ваквиот пристап води кон одолговлекување и разводнување на целиот случај.
Тие нагласија дека редовните патувања од Кочани до Скопје, како и постојаното слушање на деталите за трагичниот пожар, претставуваат огромен емотивен и физички товар за семејствата. Истовремено, изразија незадоволство од однесувањето на дел од адвокатите на обвинетите, за кои сметаат дека не покажуваат доволно почит кон жртвите и нивните блиски.
Барање за почести рочишта и одлука заснована на докази
Наунов истакна дека досега се одржувало приближно по едно рочиште неделно и изрази надеж дека судот ќе ја забрза динамиката со закажување почести термини. Родителите порачаа дека очекуваат судската постапка да заврши во разумен рок, со целосно почитување на правата на обвинетите и со пресуда заснована исклучиво врз доказите.
Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Судењето се води пред Основниот кривичен суд Скопје, во судницата во „Идризово“.
„Се одолговлекува и се разводнува целата ситуација“, порачаа родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, барајќи почести рочишта и завршување на постапката во разумен рок.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден







