
Кои државни резиденции ги користат?
Според објавените информации, Ана Брнабиќ живее во државната вила на улицата „Александар Караѓорѓевиќ“ број 75, која претходно беше резиденција на Јованка Броз. Поранешниот претседател Томислав Николиќ, пак, ја користи државната вила на улицата „Ужичка“ број 23.
Вилата во „Ужичка“ му беше доделена на Николиќ во ноември 2018 година, откако беа направени измени на владината уредба за недвижности наменети за репрезентативни потреби на Република Србија.
Колку чинело одржувањето на резиденцијата?
Посебно внимание во јавноста привлекуваат и податоците за трошоците за одржување на резиденцијата што ја користи поранешниот претседател. Српскиот портал „Инсајдер“ уште во 2018 година објави дека просечните месечни трошоци изнесувале околу 400.000 динари, односно приближно 3.400 евра.
Српската влада тогаш потврди дека во овој износ биле вклучени одржувањето и чистењето на објектот, комуналните услуги и греењето, при што станува збор за податоци од 2018 година, а не за тековните трошоци.
„Тие ќе мора да се иселат во моментот кога ќе дојде новиот претседател или претседателка на државата и новата влада“, изјавил извор запознаен со ситуацијата за српскиот портал „Нова.рс“.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







