во

Поволно домување за брачните парови до 35 години и 20% попуст преку „М-услуги“ за студентите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави три клучни законски решенија за поддршка на младите, со кои се предвидува млади брачни парови до 35 години да купуваат станови по најмалку 20 отсто пониска цена или да градат куќа без комуналии, а студентите да добијат картичка со 20 проценти попуст преку апликацијата „М-услуги“.

Поевтини станови за најмалку 20% и ослободување од комуналии за млади брачни парови

Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, првата мерка е наменета за младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20 отсто попуст на пазарната цена за станбен простор. За нејзино спроведување ќе се донесе закон според кој секоја градежна компанија, за да добие дозвола за градба, ќе мора да издвои најмалку 10 отсто од станбената површина за брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Втората мерка исто така се однесува на младите до 35 години, но за оние што сакаат да изградат сопствен дом. Со законско решение се предвидува секој млад брачен пар што ќе се одлучи на градба да биде целосно ослободен од плаќање комуналии кон општината.

Студентска картичка со 20% попуст за услугите преку „М-услуги“

Третата мерка е насочена кон студентите, при што секој студент ќе добие студентска картичка со низа поволности и 20 проценти пониски цени за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата „М-услуги“. Од партијата посочуваат дека во реализацијата ќе соработуваат сите надлежни институции, со цел студентите да добијат не само усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, туку и поволности за други услуги.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за на младите да им овозможи квалитетно образование, услови за професионална кариера, шанси за сопствен бизнис, создавање семејство и достоинствен живот во земјава“, се наведува во соопштението на партијата.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шилегов ги демантира информациите: Немаше никаква сообраќајна незгода, возилото заглави во калта на раскопаните тротоари

ЛДП бара безусловна гаранција од Владата: Не смее да има поскапување на струјата и парното греење!