
На 51-годишниот Милан Антонијевиќ, комесар за заштита на еднаквоста, ненадејно му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на српската телевизија ТВ Прва. Како што може да се види од снимката од емитувањето во живо, тој одеднаш се почувствувал лошо и бил видливо дезориентиран, по што програмата веднаш била прекината.
Саво Манојловиќ прв забележал и му пришол на помош во студиото
Покрај Антонијевиќ, гостин во сегментот од утринската програма насловен „Прелистување на печатот“ бил и Саво Манојловиќ, лидерот на движењето „Крени-промени“. Во еден момент, додека Манојловиќ зборувал, забележал дека на Антонијевиќ не му е добро и веднаш му пришол да му помогне.
По итниот прекин, во продолжението на емисијата од телевизијата ги информираа гледачите дека е повикана медицинска екипа и дека тој се чувствува подобро. „Брзата помош е на пат, ќе пристигне секој момент. Со г. Антонијевиќ сè ќе биде во ред, сега е подобро“, изјавија подоцна во програмата на ТВ Прва.
-
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден






