во , ,

14 Цитати на Папата Франциск во кои се собрани цели животни лекции

Цитатите на Папата Франциск се мини животни лекции кои секој може да ги следи, без оглед на возраста, верата и потеклото.

Издвојуваме неколку мудри реченици од поглаварот на Римокатоличката црква кои имаат за цел да ви го исполнат животот со среќа и љубов:

„Медиумите пишуваат само за грешниците и скандалите, но тоа е нормално, бидејќи дрвото кое паѓа прави многу поголема бучава, отколку шумата која расте.“

Реклама

„Сите имаме должност да правиме добро.“

„Каде што е вистината, таму е и светлината. Но, не ја мешајте светлината со моментален блиц.“

„Индиферентноста е опасна, без разлика дали е намерна или не.“

„Ако нашите срца се затворени, ако нашите срца се направени од камен, тој камен ќе најде начин како да заврши во нашите раце и да биде фрлен кон другите.“

„Ако започнеме без самодоверба, веќе сме изгубиле половина од битката и сме ги закопале своите таленти.“

„Парите мора да ни служат, не да нè водат.“

„Никој не може да расте, ако не прифати колку всушност е мал.“

„Животот е патување. Ако застанеме, работите нема магично да се поправат.“

„Сакам кога некој ќе ми каже: Не се согласувам. Тоа е вистинска соработка. Кога велат: Ох, прекрасно, одлично, супер, тоа не е воопшто корисно.“

„Денес има толку многу сиромаштија во светот, а тоа е скандал кога имаме толку многу извори на пари и ресурси кои можеме да им ги дадеме на другите. Сите треба да мислиме како да станеме барем малку посиромашни.“

„Надежта расте кога е обликувана од љубовта.“

„Љубовта е единственото светло кое константно го осветлува сивиот, зачаден свет.“

„Љубовта се покажува преку малите работи, преку вниманието кое им го посветуваме на секојдневните ситници, што прави да се чувствуваме како конечно да сме пристигнале дома.“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 илустрации за маките на жените во салоните за убавина

14 Неверојатни фотографии кои ги прикажуваат работите од сосема друга страна