во , , ,

7 видови на пријателки кои не ви требаат во животот

Доколку во вашето женско друштво препознаете личност со барем една од овие особини, тогаш време е за промени.

Пријателството симболизира една душа, раздвоена во две тела.

Реклама

Искрените пријатели заедно го споделуваат доброто, но и лошото. Тие нема да се откажат едни од други, дури ни во најтешките моменти.

Меѓутоа, постојат личности кои повремено се „прилепуваат“ за вас, а неретко ги нарекувате пријателки. Но, дали се навистина вредни да им го подарите своето време и труд, ви откриваме со точките во продолжение.

Седумте типови на пријателки кои навистина не ви требаат во животот се:

1. Пријателката што секој ден се однесува различно

Еден ден сте нејзината сродна душа, додека другиот не сака ни да ве погледне. Во крајна рака, таквиот одност е нездрав. Топло-ладно релациите се ужасно напорни, како во љубовната врска, така и во пријателство.

Притоа, не треба ни да спомнуваме колку е токсично, кога во еден миг сте среќни до небо, а веќе во следниот сте уверени дека вашата најдобра пријателка ни малку не ве сака.

2. Пријателката на која сте ѝ на последно место

Таа е мила и драга, па кон сите се однесува добро и слатко, но не и кога сте вие во прашање. Повторуваме – единствено кон вас не е таква. Кога отворено ќе ја прашате за причината, ви тврди дека сѐ е во ред, а дека не знае што ви е вам.

3. Пријателката што не знае да каже „фала“

Сеедно е дали се работи за мали или големи нешта. Ако некој не умее некому да се заблагодари, тоа е мошне лош знак. Можеби не е ништо лично. Можно е да е таква кон сите.

Меѓутоа, тоа што е генерално безобразна, баш и не е оправдување. Колку и да се потрудите – да ѝ средите некоја работа, или, пак, да ѝ направите навистина голема услуга – од нејзе секогаш ве очекува „студен туш“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пролетно чистење на компјутерот

Неверојатен шут на оваа девојка