во ,

Холивудскиот миленик Кијану Ривс за првпат со новата девојка на свеченост

Кијану Ривс за првпат по многу долго време се појави со девојка на свеченост и привлече огромно внимание. 55-годишниот актер пристигна на LACMA Art + Film Gala фатен за рака со 46-годишната партнерка Александра Грант.

Парот се смешкаше и позираше пред фоторепортерите на настанот во Лос Анџелес.

Реклама

Ривс има доста трогателна животна приказна. Тој во 1999 година го очекуваше своето прво дете со девојката Џенифер Сајм, но за жал нивното бебенце се роди мртво.

Овој настан остави силен отпечаток на нивната врска, по што тие раскинаа. Во 2001 година, Џенифер почина како последица на страшна сообраќајна несреќа.

Оттогаш Кијану води многу мирен и скромен живот и ретко се впушта во љубовни врски. Тој се вози во метро, нема телохранители и не користи приватен авион како останатите холивудски ѕвезди.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Полска уметница ги претвора обичните метро-станици во прекрасни музеи од цвеќиња

Симпатичното кученце со опаш на главата ги воодушевило спасувачите на животни во САД