
Според последните податоци на терен, во моментов се гаснат пет активни пожари: меѓу кои во општина Студеничани и Зелениково (потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер и кракот кон Палиград, како и над Вражале), во општините Гостивар и Македонски Брод каде огнот од селото Трново се шири кон Битово, Заград и Страјане, како и во Росоман (манастирец со лозови насади), Тисовица (Зелениково) и над селото Нежилово во Чашка. Три пожари се ставени под контрола (во Кичево, како и градските депонии во Кавадарци и Делчево), додека шест се целосно изгаснати од страна на надлежните служби.
Успешни интервенции и изгаснати жаришта
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Од ЦУК потврдуваат дека екипите успешно интервенирале и ги изгаснале пожарите во општините Желино, Теарце, Кичево (Зајас), Делчево (Ветрен), Градско (Виничани), како и меѓу резерватот „Јасен“ и Брезница. Надлежните апелираат на максимална претпазливост кај граѓаните поради високите температури и опасноста од лесно разгорување на нови пожари на отворено.
„Активните пожари зафаќаат ниска вегетација, мешани шуми и пасишта, а поради непристапноста на терените, екипите вложуваат максимални напори за нивна целосна локализација.“


