
Според официјалното соопштение од Судот, жалбата на Основното јавно обвинителство е целосно одбиена како неоснована. Со оваа одлука, правниот статус на познатата „Бела палата“ е конечно расчистен. Ова значи дека поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски, е законски ослободен од сите обвиненија за малверзации при изградбата на објектот.
Обвинителството не докажа криминал надвор од разумно сомневање
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
При носењето на одлуката, апелационите судии оцениле дека Груевски постапувал строго во рамките на своите овластувања како одговорно лице. Од друга страна, Основното јавно обвинителство не успеало да презентира цврсти докази. Не е докажано дека неговото постапување било во спротивност со Законот за финансирање на политичките партии.
„Обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека компанијата „Бетон“ во моментот на склучување на договорите имала законска забрана за донирање средства кон политичката партија.“
Судот заклучил дека градежната компанија не вршела јавни услуги во спорниот период. Тоа значи дека не постоела никаква законска пречка за нивната финансиска поддршка. Следствено на тоа, Груевски немал апсолутно никаква правна обврска да ги враќа донираните средства, со што паѓа во вода целата конструкција на обвинителскиот тим.


