
Возите опуштено: Суви коловози и празни граници вториот ден од годината
АМСМ носи добри вести за возачите овој петок. Сообраќајот низ државата се одвива непречено и по претежно суви коловози. За разлика од празничниот метеж, денес интензитетот надвор од градовите е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од Македонија.
Внимавајте на одрони низ клисурите
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Иако времето е стабилно, опасноста демне од карпите. Апелираме на прилагодена брзина низ клисурите и речните долини, каде е можна појава на одрони. Ова особено важи за правците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, како и делниците кон Берово и Делчево.


