
АХВ уништи 1.010 килограми небезбедна храна во контроли на објекти за „здрава храна“
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спровеле 373 контроли во објекти за производство и промет со здрава храна, при што уништиле вкупно 1.010 килограми небезбедни производи кај 14 оператори. Дел од субјектите воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
Нерегистрирани оператори и сериозни хигиенски пропусти
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Со контролите било утврдено дека 14 оператори не биле регистрирани, што претставува сериозен регулаторен пропуст. Кај 9 оператори биле констатирани незадоволителни хигиенски и технички услови, додека кај 7 била пронајдена храна со изминат рок на употреба. Кај двајца оператори инспекторите затекнале храна со непознато потекло.
Несоодветно означување на производите било утврдено кај 18 оператори, а кај 23 вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед. Дополнително, кај двајца оператори не биле воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, ниту се воделе соодветни записи. Истовремено, кај ист број субјекти не била спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Изречени казни во вредност од 20.550 евра
За констатираните неправилности издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни во вкупна вредност од 20.550 евра. Од АХВ најавуваат засилен инспекциски надзор со цел заштита на потрошувачите и спречување на промет на небезбедна храна на пазарот.


