
Битката со огнената стихија продолжува на повеќе фронтови низ државата, каде што гори мешана шума и ниска вегетација. Противпожарните екипи неуморно работат на терен за локализирање на активните жаришта.
Локации на седумте активни пожари
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Според извештајот на ЦУК, пожарникарите во моментов се борат со пламените јазици на следните критични точки:
- Општина Студеничани: Активни се пожарите во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, како и кај Батинци.
- Општина Зелениково: Пожар во близина на село Палиград каде е зафатена ниска вегетација и шума.
- Локвица и Драгов Дол: Активни се пожарите кај местото Видуш, каде што гори нискостеблеста шума и грмушки.
- Велешко: Поголем пожар е активен во реонот на село С’лп (Горно Село), кој опасно се шири кон Карабуњиште, Бузалково, Добрино и Тисовица.
- Општини Јегуновце и Сарај: Пожарот кај селата Копанце и Туденце се проширил кон село Бојане, каде гори мешана шума.
- Прилепско: Активен е пожарот во селото Чаниште.
„Во текот на денот се изгаснати вкупно 13 пожари во повеќе општини низ државата, со што е спречено понатамошно ширење на огнената стихија кон населените места.“
Под контрола две депонии
Според информациите од ЦУК, ставени се под целосна контрола пожарите кои избувнаа на депониите кај село Железница во Кратовско и во Делчево.
Во текот на денот успешно се ликвидирани дури 13 жаришта во Кумановско, Крушевско, Прилепско, Долненско, Битолско, Ресенско, Штипско, Желинско, Дојранско, Струшко, Росоманско и Студеничанско.


