
Брнабиќ: Вучиќ спие само 2 часа, единствен начин да го победат е да го убијат
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, излезе со контроверзно тврдење за работните навики на претседателот Александар Вучиќ. Гостувајќи на ТВ Пинк, таа изјави дека тој работи дури 22 часа дневно и спие само два до три часа. „Можат да се потсмеваат, но тоа е вистина. Единственото нешто што им преостанува на противниците е да го убијат, бидејќи не можат да го победат“, истакна Брнабиќ во драматичен тон.
„Избегнавме граѓанска војна благодарение на неговата мудрост“
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Осврнувајќи се на протестите и блокадите во изминатата година, Брнабиќ тврди дека главната цел на демонстрациите била предизвикување на граѓански конфликти. Според неа, само благодарение на „неверојатната политичка мудрост“ и трпението на Вучиќ, државата не реагирала насилно и успеала да го зачува мирот. „Му симнувам капа“, заклучи таа.


